По 20 години во затвор, можам да пишувам само фантастика

Депресивно е кога пишувам за технологија која не ја разбирам и никогаш ја немам видено. Наместо тоа, јас измислувам свои светови.

„Поминав повеќе од 20 години зад решетки, а светот во меѓувреме прилично се измени – вашиот свет, во кој компјутерските програми зборуваат, а колите се возат самите себе.

Пред затворот, ако се најдев зад воланот и посакав некому да му се јавам, морав да се паркирам и да побарам телефонска говорница. Мобилните телефони беа прескапи цигли, кои евентуално ги собираше само во преградата на контролната табла на автомобилот.

А па за компјутери, ништо не ми зборувајте. Лаптоп, десктоп, таблет – веројатно не би успеал да ги вклучам дури ни по цена на сопствената слобода.

Искрено речено, новата технологија ме плаши и мене, и повеќето од затворениците со долг стаж. Но многумина од нас истовремено и ја посакуваат, заедно со сите оние нешта кои технологијата ги овозможува во надворешниот свет.

Пред пар години, поминав подолго време во самица, каде сфатив две ствари. Прво, дека полека го губам разумот. Второ, дека светот ме остава зад себе.

Првиот проблем одлучив да го совладам така што ќе почнам да пишувам. Имав само едно мало свитливо моливче, кое одвај можев да го фатам во рака (како да пишував со шпагета). Го собрав или позајмив секое парче хартија до кое можев да се докачам. Не дека баш стигнав до степен да пишувам на тоалетна хартија, ама пар пати бев многу блиску.

Како писател, најпосле можев слободно да лебдам, да живеам низ своите литературни ликови. Знам дека тоа звучи без врска, ама другите писатели можеби ќе разберат. Ако пишувам за поле жито, јас таму и се наоѓам, и гледам стебла како се виткаат на ветрот. Ги допирам со рака, чувствувам како житото ми се витка под прстите.

Сепак, набрзо исто така открив дека ако пробувам да пишувам за технологија која никогаш лично не сум ја искусил, сцените не ми делуваат уверливо.

На пример, бензински пумпи. Кога бев на слобода, човек ќе застанеше на пумпа, ќе го земеше цревото, ќе ја повлечеше рачката, ќе наточеше колку му треба, па ќе платеше во кеш. Како тоа изгледа денес јас не можам ниту да замислам. Трепкави светла, слотови за ова или за она, отисок од прсти, ДНК скенер, од кај да знам?

Како што гледате, појма немам што пишувам.

Оваа дилема ја решив посветувајќи се на пишување фантастика. На страницата создавам свои светови во кои владеат мои правила, мои алати, моја технологија. Вака сцените ми звучат уверливо, бидејќи тој измислен свет ми е поблизок од стварниот.

Најдолгата приказна која досега ја имам напишано е „Крв и челик“, каде ги следиме хаотичните животи на двајца престолонаследници – Џекс и Емили Нортворден. Џекс се заљубил во младоста, но таа љубов му ја одземал бездушниот Магиски совет, кој држи под контрола дел од кралството. Затоа Џекс живее овде преку Студените планини, во далечна земја каде неговата приказна продолжува, додека Емили останала сама да се бори против Магискиот совет, кој ѝ ги убива родителите и почнува да владее со кралството Крег (во кое се случува сето ова), за со тоа да го наведе Џекс да се врати.

Сé е тоа само фантазија, но таа ми пружа можност да ја совладам изолацијата која ја наметнува затворот. Плачам кога плачат Емили и Џекс, се радувам кога и тие се радуваат. Јавав со нив по широките полиња, се качував по планини и слегував во пештери, погребував драги личности и раѓав нови.

Би сакал да сум слободен, но не од причините кои вам веројатно ви поминуваат низ главата. Кога лежам во ќелијата и сонувам за слободата, не мислам на жени и скапи коли, ни на нови злосторства, како што многу други прават.

Не, мојата мечта е живот во кој користам лаптоп (т.е. научувам како се користи) наместо оваа прастара машина за пишување. Меѓутоа не се жалам од неа, заедно поминавме веќе над илјада часови. Но сепак се прашувам како би пишувал со неограничен мемориски простор и пристап до интернет. Сонувам за живот во кој целиот свет ми е на дофат на рака.

Не само што би стекнал искуство од прва рака со мобилните телефони и бензинските пумпи, туку би можел да пишувам за сé и сешто. Би користел модерна технологија за со своите зборови да ги унапредам животите на другите луѓе – би пишувал вистински нешта, не измислени. Наместо да паразитирам вака, би бил општествено-корисна личност.“

Џери Меткаф (42) е затвореник од казнено-поправниот дом Tamb во Мичиген, каде отслужува казна од 40-60 години, поради второстепено убиство извршено во 1996 година.

Vice

- Реклама -