Плажите не доаѓаат само во различни облици и големини, туку и во сите бои на виножитото. На некои места околу светот постојат плажи каде песокот може да биде црвен, портокалов, розов, зелен, па дури и црн!
Плажите не доаѓаат само во различни облици и големини, туку и во сите бои на виножитото. На некои места околу светот постојат плажи каде песокот може да биде црвен, портокалов, розов, зелен, па дури и црн!
Сиеста Ки плажата во Флорида во 1987 беше прогласена за плажа со најбел песок на светот. Белата боја се должи на 99% чистиот кварц. Овој неверојатен бел песок има толку фина текстура што тече меѓу прстите како шеќер во прав, а заради големата застапеност на кварцот во составот, песокот останува ладен без разлика колку се високи температурите.
Во последниве години се појави уште еден кандидат за титулата “Плажа со најбел песок на светот“ – плажата Hyams во Jervis Bay, Австралија која се најде и во Гинисовата книга на рекорди како плажа со најбел песок на светот.
Белиот песок, колку и да изгледа спектакуларно, не може да се споредува со изгледот на крваво црвена плажа. Лоцирана на хавајскиот остров Мауи, Каихалулу плажата е една од ретките црвени плажи на светот.
Песокот на Ramla il-Hamra плажата на островот Гозо, Малта, пак, има портокалова боја, добиена како резултат на вулканските ерупции и необичните портокалови варовници кои исто така се специфични за оваа област.
Pu’u Mahana плажата во Махана Заливот на Хаваите е една од ретките плажи во светот со песок со маслинесто зелена боја (другите две се во Гуам и на островот Галапагос).
Розовите плажи се исто така природна реткост. Тие се појавуваат покрај големи корални гребени на кои живеат мали организми со розев скелет. Најдобар пример за розова плажа можеби е онаа на островот Ељутера на Бахамите, иако плажи со розов песок можат да се најдат и во Порторико, Бермудите, Барбадос, Филипините и во Шкотска.
Во однос на тоа кој дел од денот е, песокот на плажата Pfeiffer во калифорнискиот Big Sur менува цел спектар од виолетови нијанси. Колку што се оди понасевер песокот се повеќе е со изразита пурпурна боја.
А тука е и плажата Виножито на островот Фрејзер во Австралија. Плажата има повеќе од 70 различни нијанси кои се менуваат секогаш кога брановите и ветрот ќе донесат нов песок.
Бидејќи ја започнавме статијата со бела плажа (технички, белата како сите бои заедно) изгледа соодветно да завршиме со плажа со црна боја на песокот (црна-отсуство на боја). Иако тоа може да биде точно од научна гледна точка, нема отсуство на бои на плажите со црна боја на песокот – тие едноставно го одземаат здивот. Како резултат на вулканските активности во близина на брегот, овие плажи биле создавани од честичките на изладената лава. Црниот песок, исто така, е извор на различни скапоцени камења, како рубини, сафири, топази и, се разбира, дијаманти, кои се формираат во вулканите и потоа за време на ерупциите биваат расфрлани во околината. Иако црни плажи постојат во Аргентина, Тахити, Филипините, Калифорнија, Грција и во Доминиканската Република, веројатно едни од најпознатите и најубавите се оние на Хавајските Острови.