Бонди Бич се наоѓа во Австралија и е оддалечена само 7 километри од Сиднеј.
Откако била купена од некој бизнисмен, во 19 век повторно била пуштена за јавност и денес е една од најпопуларните рекреативни површини во околината.
Брегот долг еден километар не привлекува само пливачи, туку и сурфери и спортисти кои играат одбојка на плажа. Туристите од другите делови на светот, пак, ја користат да избегаат од зимата и токму на Бонди Бич прославуваат Нова Година и Божиќ – во костими за капење.