Пластичните шишиња се извор на опасни хемикалии

Еколозите со години се борат против дистрибуцијата на флаширана вода и тоа не само од еколошки причини. Пластичните шишиња треба да ги избегнувате, особено ако долго време биле изложени на сонце.

Покрај другите причини, приказната за штетноста на пластичните шишиња особено се актуелизира поради ракот на дојка, поточно поради диоксионот. За што се работи?

Plastic bottles

Хемикалиите во пластичните шишиња се будат на високи и ниски температури и испуштаат диоксин во водата или било која течност што се наоѓа во шишето. Со оглед на тоа што често не сме сигурни ни како производителите и дистрибутерите ги складираат овие шишиња, не е препорачливо да се претерува со купување на производи пакувани во пластика. Сигурно сте имале прилика да видите многу магацини каде што илјадници флаши вода и сокови во пластични шишиња стојат на отворено на топло или во студени денови, пред да стигнат до полиците на маркетите.

Диоксионот е пронајден во канцерогеното ткиво и се верува дека може да предизвика рак на дојка. Затоа најдобро да купувате вода во стаклена амбалажа.

plastic-bottles-537x357

Исто така, постои предупредување да не се ставаат пластични шишиња со вода во замрзнувач, затоа што и на тој начин доаѓа до испуштање на диоскинот. Оваа супстанца е многу опсна. Затоа не е препорачливо ни да ја загревате храната во пластични садови во микробранова, а особено онаа со многу маснотии.

Постојат одредени пластични флаши и садови за кои се тврди дека не се штетни, затоа што не содржат бисфенол А, многу штетна хемикалија. Пластичните шишиња обично се поделени по категории според квалитетот, но кај нас такви ознаки за жал кај повеќето нема.

- Реклама -