Plantic:Пластика што се јаде

planticПластиката може да опстојува
долго во земјата, а доколку биде изгорена ќе испушти токсични материи и
карциногени честички во атмосферата. Но, австралиската компаниjа Plantic вели дека треба само да додадете вода на нивната пластика и таа ќе исчезне пред вашите очи.

plantic

Пластиката може да опстојува долго во земјата, а доколку биде изгорена ќе испушти токсични материи и карциногени честички во атмосферата. Но, австралиската компаниjа Plantic вели дека треба само да додадете вода на нивната пластика и таа ќе исчезне пред вашите очи.

Формулата за оваа пластика содржи 90% скроб од пченка и уште еден куп органски материјали како вода, масна киселина и масло. 

Кога ќе истурите вода на оваа пластика, таа не се распаѓа, туку буквално исчезнува.

Прочитајте и:  Кинеските астронаути донеле на Земјата 34,6 килограми вселенски примероци

Оставена во природа, таа ќе се распадне за три месеци, испуштајќи вода во земјата и јаглен диоксид во воздухот. 

Најдобрата страна на овој биопродукт е што тој е со навистина компетитивна цена. Компанијата сега развива пластика која е поотпорна на вода, бидејќи овој продукт е добар за јавно користење, но има свои ограничувања. За да ја докажат нетоксичноста на пластиката, австралијците дури изедоа еден цел примерок. Наводно, таа има вкус на бајат леб и не препорачуваме да им ја сервирате на гостите без кечап и мајонез. 

eatplastic

 

- Реклама -