Плакета за Заев за придонес во афирмацијата и негувањето на вредностите и традициите на антифашистичката борба

На премиерот Зоран Заев, денеска во рамките на програмските активности за одбележување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и по повод 80 годишнината од овој настан, од страна на Сојузот на здруженијата на борците од народно-ослободителната војна (СУБНОР) на Република Србија, му беше врачена плакета за неговиот придонес во афирмацијата и негувањето на вредностите и традициите на антифашистичката борба. Плакетата му ја врачи претседателот на СУБНОР – Видосав Ковачевиќ.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, биле споделени сеќавања од некогашните заеднички заложби од народно-ослободителната војна и се разговарало за важноста на поддршката на ветераните од Втората светска војна за постојано да се промовираат придобивките од борбата против фашизмот кои секогаш треба да потсетуваат на најголемото зло за човештвото во 20-тиот век.

- Реклама -