Плачеш после секс?

12939-couple-bed-fight-woman-worry.1200w.tn[1]

Општиот разум вели дека дека сексот е добро чувство, а тагата не е. Искуството, сепак, вели дека некогаш овие две се судруваат.

Можеме да рационализираме на сто начини. Можеби тоа што нé погодува е сознанието дека, како и сите нешта во животот, сексот трае кратко. Можеби е сознанието дека по губењето на себството во туѓо тело, по времето поминато во протор каде што времето е неважно, неизбежно е да се вратиш во својата глава, каде времето и куп други грди нешта се и повеќе од реални. Можеби е „луфтата“ помеѓу сексот и разделбата, а можеби е и едноставно реакција на лице склоно кон депресија.

Депресијата беше токму причината на која типуваше психијатарот Ричард А. Фридман кога почна да им препишува антидепресиви на пациентите кои се жалеа на пост-сексуалната тага.

„Прозак и сличните лекови, селективните серотонински инхибитори, често се испречуваат во сексуалната функција, до одреден степен“, напиша тој за Times. „Мислев дека ако некако ја модулирам сексуалната реакција на моите пациенти, да ја направам помалку интензивна, дека може да ја задуши негативната емоционална состојба по чинот… Сексот можеби е најфизичкиот чин, но и депресијата може да биде физичка, исто така“.

Пост-сексуалните чувства на тага, клинички наречени „посткоитална дисфорија“, е слабо објаснет феномен, а ни тоа што нема многу истражувања на темата не им помага на научниците подобро да разберат зошто се случува. Генералната тенденција кон депресија може да понуди еден одговор, но тој веројатно не е единствениот што постои.

Во студија од 2015, спроведена исклучиво врз среќни двојки што имаат согласен секс, истражувачите најдоа дека од 230 партиципанти на возраст од околу 18 години (колеџ), речиси половина се соочиле со посткоитална дисфорија барем еднаш во животот. Главниот истражувач – Роберт Швицер, за Cosmopolitan објасни и дека околу 1 процент од стриктно женските субјекти, чувствуваат тага по сексуалниот чин секогаш кога го имаат. Над 5% доживеале меланхолија, депресија, анксиозност, насолзеност или агресија во последните четири недели пред истражувањето.Швицер објаснува: „Не знаеме премногу за ова бидејќи е контраинтуитивно кон доминантното мислење за тоа како треба да изгледа сексот. Но, почесто е отколку што било кој претпоставува“.

Швицер разгледуваше низа фактори, меѓу кои и возбуденоста, лубрикацијата и оргазмот, но откри дека најважниот индикатор за посткоитална дисфорија е историјата на сексуално злоставување за време на детството. Сепак, и таа поврзаност не се покажува како доволно значајна.

Други теории сугерираат дека за сé се криви хормоните – поточно фактот што телото креира пролактин со цел да го пресретне ослободувањето на допамин – хормонот одговорен за сексуалната возбуда. Некои тврдат и дека оваа состојба има еволуциона намена, иако останува нејасно што би била таа. Логично, депресијата би била добро оружје на еволуцијата да нé спречи во намерата да имаме многу секс, ама да се надеваме дека не ѝ е тоа намерата.

Друго објаснување што има некаква логична смисла е дека сексот е ослободување од повеќе од само физичка тензија. „Сексот дефинитивно може да биде искуство на ослободување, на губење на себе; можеби тоа е и поентата на оргазмот“, вели Меган Флеминг – психолог од Њујорк. „Тоа е како сé што сте задржувале под површината да излезе во еден момент, едно огромно издишување“.

Друга теорија се занимава со идејата на „секспектациите“ т.е. очекувањата од сексот или тоа што се случува кога световите на фантазијата и реалноста потфрлуваат да се усогласат. Една од учесничките, кога се присетуваше на нејзините искуства со постокоиталната дисфорија, рече „Можеби има врска со сексуалните очекувања. Во смисла, сексот треба да е едно – прекрасен и исполнет со љубов, а можеби за мене – не е“.

Тоа звучи многу тажно и веројатно алудира на нејзиниот избор на сексуални партнери. Сепак, за некои луѓе би било од огромна помош кога би знаеле што ја предизвикува таквата нивна состојба, бидејќи тагата има особено лоша репутација кога се јавува каде што не треба, а да се биде тажен околу тоа што си тажен не помага баш ништо. Можеби најдобар прв чекор е да си ги средиме очекувањата за тоа како сексот треба да изгледа, а и здрава доза на интроспекција.

- Реклама -