Пивото има многу подобро влијание на гените отколку кафето. Тоа го покажува новото истражување на американските научници. Следниот пат кога ќе седнете да испиете нешто со пријателите, замислете добро што да нарачате. Според новото истражување пивото може да има позитивен ефект врз ДНК структурата, а кафето пак може да влијае негативно.
Резултатите покажуваат дека потрошувачката на кофеин ги намалува теломерите, кои се еден вид бранители на ДНК клетките. Покрај податоците, истражувачите велат дека е рано конечно да се потврдат резултатите.
Потребно е студиите во оваа област да продолжат, за да биде направена проширена анализа на влијанието на пивото и кофеинот врз човечките клетки.
Претходните истражувања покажаа уште дека пивото, иако е многу калорично, помага за слабеење, ако се консумира умерено. Научниците докажаа дека луѓето кои пијат по две или три чаши пиво неделно, имаат понизок индекс на телесна маса.
Две чаши кафе пак ја намалуваат опасноста од срцев удар за 11 проценти. Експертите сметаат дека ова може да се должи на антиоксидантните својства на кафето. Три шолји кафе на ден ја намалуваат опасноста од дијабетес и ризикот од појава на инсулинска резистенција.