Пивото те прави подобар во кревет

Батали вијагра, пивото е лекот што ќе ти овозможи да бидеш кралот на спалната соба.

1. Ќе траеш подолго
Според секс-експертката д-р Кет Ван Кирк, фитоестрогените во алкохолот ја одложуваат ејакулацијата, па ако често ти се случува да „пораниш“, една кригла пиво е добра замена за решавањето математички равенки или насочување на мислите кон нешто што ти ја смалува возбудата при самиот чин. Се разбира, за да траеш, прво треба да почнеш, затоа не пиј премногу.

2. Темното пиво е афродизијак
Железото во темното пиво им помага на твоите црвени крвни клетки да создаваат хемоглобин, кој пак го дистрибуира кислородот во телото. Практично, ти ја подобрува циркулацијата на крвта, што значи поцврста ерекција. За жал, истото не важи и за светлото пиво или виното, но сигурно ќе најдеш нешто што ти одговара, при толку многу избор на пива.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

3. Те прави поиздржлив
Пиењето по една кригла пиво дневно е всушност одличен тренинг. Научниците од Италијанската фондација за истражување и третирање на болести велат дека таквата доза ти го намалува ризикот од срцеви напади, удари или болести за 31%, за разлика од оние кои не пијат алкохол. Тоа значи дека ќе бидеш поздрав и повеќе „фит“ за долгите секс партии.

4. Ти го смирува стомакот
Пак според д-р Кирк, пивото Гинис, на пример, е полно со витамини и минерали со пробиотско дејство, што го подобрува твоето генерално здравје и ти го прави стомакот помалку чувствителен, што е доста корисно после романтична вечера.

- Реклама -