Пиварите од Велс за Божиќ пуштија темно пиво, што дава ново значење на фразата „течен ручек” – пиво со вкус на печено јагне, пишува весникот “Дејли експрес”, пренесоа агенциите. Во процесот на производство, пивото „Сандеј тост” се наводнува со сокови од велшкото јагне, за да се создаде совршено пиво за љубителите на месо.
Темното пиво се произведува од страна на велшката компанија „Конуај Бруер”.
„Периодичните пива се нашиот специјалитет, но сакавме да им понудиме на корисниците нешто навистина поинакво овој Божиќ. Велшото јагне е популарно во целиот свет и ние се гордееме со тоа”, вели Гуин Томас од пиварата „Конуај Бруер”.