Пицата што доцнеше 18 месеци

pica[1]

Правдата е спора, а доставата уште поспора.

Пред 18 месеци, во април 2015-та, триесетгодишниот Тим Дрискол се јавил во пицеријата Domino’s и порачал три пици, две „стапчиња“ со кромид и два газирани пијалока. Порачката никогаш не стигна на неговата маса.

Вели дека бил посрамен и лично навреден, бидејќи заради грешката на пицеријата немал со што да ги послужи гостите. Но, се чини, тоа не била главната грешка на пицеријата. Имено, после час и кусур чекање, се јавил во ресторанот, а менаџерот му се извинил со изговор дека се зафатени, нудејќи му рефундација. Ама ни парите никогаш не му биле вратени на Дрискол. Пак си ги побарал назад и после година дена, но од Domino’s му рекле дека „сé уште го истражуваат“ случајот.

На Дрискол конечно му пукнал филмот, па ги тужел. Првично, тој бараше отштета од 9.000 долари, за „да ги научи на памет“. Сепак на крајот судијата му додели 1.203 долари (и нешто ситно) – доволно за да ги покрие трошоците за судењето и оригиналната порачка. Од Domino’s првично тврдеа дека тужбата на Дрискол е „губење на драгоценото време на судот“ и ветија дека ќе се жалат, но подоцна се извинија за таквите изјави.

 

- Реклама -