Пица шпагети

Oва прекрасно јадење се подготвува за 50 минути, рецептот е наменет за 4 лица.

Состојки

  • 1 ќесичка шпагети
  • 300 гр. моркови
  • 150 гр. шунка
  • 50 гр. кулен или чајна колбасица
  • 2 пиперки зелени
  • 2 домати
  • 200 мл. млеко
  • 2 јајца
  • 1 лажица брашно
  • 250 гр. кашкавал за пица
  • 100 гр. пармезан рендан
  • 2 лажици масло
  • оригано

Упатство

Сварете ги шпагетите во тенџере со вода, малку сол и една лажица масло, според упатството на ќесичката. Исецкајте ги пиперките на тркалца и 3 минути пред крај на варењето додадете ги во водата со шпагетите.

Процедете ги шпагетите со пиперките, па префрлете ги во огноотпорно тавче подмачкано со малку масло.

Исецкајте ја шунката на потенки ленти и рамномерно распоредете ја врз шпагетите.

Во еден сад измешајте ги млекото, брашното, јајцата и пармезанот и прелијте го преку шунката. Потоа доматите исечете ги на тенки кругови и наредете ги во тавчето.

Врз доматите изрендајте го кашкавалот. Куленот исечете го на многу тенки парчиња и наредете го најгоре.

Зачинете со оригано.

Печете ги пица шпагетите во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.

Послужете ги веднаш.

ПИЦА-ШПАГЕТИ-250x250 (1)

 

Извор: mojatakujna.mk

- Реклама -