Латвиски дизајнер споил мијалник и писоар за да ги подобри хигиенските навики на мажите, но и покрај тоа овој изум предизвика лавина поделени мислења.
Речиси 15 проценти во однос на 7 проценти жени не ги мијат рацете по извршување нужда, но сега за тоа нема оправдување. Латвискиот дизајнер Каспарс Јурсонс дизајнирал писоар со вграден мијалник. Тоа штеди време, но и вода.
Со ова Јурсонс настојува да ги поттикне мажите да ги подобрат нивните хигиенски навики. И покрај тоа што славината се активира на сензор, па не треба да се допира со нечисти раце, писоарот STAND предизвика лавина поделени мислења.
Многумина се прашуваат колку е хигиенски да ги миете рацете во писоар?
Експертите советуваат дека рацете треба да ги миете 15 до 20 секунди со сапун за да ги убиете сите бактерии што предизвикуваат разни инфекции. Но рацете доволно долго го мие дури секој 20 човек, а мажите поретко отколку жените. Половина од нив користат сапун, што е за 28 проценти помалку од жените. Меѓутоа, мажите се трудат повеќе ако имаат потсетник.