Писмо до сосетката што прегласно има секс

Еден човек од Сиднеј, Австралија живеел под млад пар кој уживал во она што многумина би го нарекле „живеење на животот“.

Журки, алкохол, музика, викање, пеење… Добриот сосед претрпел се, ама не можел да се помири со една работа – гласниот секс. Па, решил да им испрати писмо:

До станарите од апартман 12

Здраво,

Пред сé, сакам да ви честитам.

Сакам да ви честитам на блескавиот социјален живот кој изгледа го живеете откако се доселивте. Се чини дека имате многу пријател(к)и (од кои многумина изгледаат многу добро), и се надевам дека тоа што сте центарот на толку голем социјален круг ви го исполнува животот.

Можам да се помирам со толпата од алкохолизирани гости, кои доаѓаат и си одат во секој можен час од утрото или ноќта…

Можам да се помирам со интоксицираните странци кои се дерат „Го сакам Бонд!“ на расипан Англиски, додека вечерам со моето семејство…

Можам да се справам со твојот иритирачки глас со акцент од западните предградија, додека ја нагласуваш љубовта кон толпата натопена во алкохол…

Можам дури да се помирам и со повремените залутани пикавци кои некако завршуваат на мојот балкон. Сакам да те потсетам дека пепелниците се во употреба уште од 1825-тата и можат да се купат во било која трафика и маркет. Можам дури и да те упатам до точната адреса.

Но, драга станарке од апартман 12, она што не можам да го поднесам е она што се чини дека се случува обично во сабота навечер, помеѓу 2 и 3 часот изутрина.

Дозволи ми да ти доловам дел по дел. Додека спијам, сонувајќи како ја играм совршената партија голф, се доближувам до дупката број 13, кога одеднаш сум разбуден од нешто што единствено можам да го опишам како носорог кој се обидува да сруши ѕид, со топук, додека е издрогиран со мет… и кокаин.

Ова праисториско гровтање и тропање продолжува да станува сé погласно, па можам само да претпоставам дека носорогот речиси завршил со уривање на куќата, или дека така виканиот „НИК, ОХ НИК!“ е на пат да ејакулира…

Не знам кој е „НИК!“ и колку тежи, можам само да претпоставам дека е многу, бидејќи на многу наврати мојата спална започнува да се тресе.

Моја среќа е што „НИК!“ изгледа не трае долго, и за тоа сум благодарен. Не сакам да се мешам во твојот сексуален живот, апартман 12, но сепак, барам од тебе следниот пат пред да го јавнеш Ник, или носорогот, да го заштрафиш креветот за подот, за да не мора остатокот од станарите да ја слушаат секоја твоја МНОГУ гласна, МНОГУ кратка, а сепак МНОГУ иритирачка секс-сесија.

Се надевам дека нема да го сфатиш писмово како навреда, туку како молба за базична пристојност кон соседите. – БЛАГОДАРАМ.

- Реклама -