Ние балканците сме навикнати додека некоја новинарка снима прилог што се емитува во живо, неретко да се појавуваат деца што мавтаат пред камерата или пијани ликови по сабајле што влетуваат во живо додека уште ја држат сливовачата во раце.
Да беше видево во Америка ќе беше “веч видено”, но во Србија упадот во живо наиде на илјадници коментари, а сигурно и да се случеше кај нас ќе беше исто.
Дечково сакал јавно да се пофали дека има пиштол, па така искористил можност да упадне во кадар за време на прилог на утринска програма.
Додека новинарката на РТВ зборува пред камерата тој само го вади пиштолот на секунда и потоа се оддалечува од местото, а новинарката продолжува да зборува за дождот и временските температури.