Пишман ЈСП

bus

Предлогот на ЈСП и Град Скопје, според кој билетите купени во автобус ќе требаше да чинат 60 денари, е повлечен. Отстапувањето следува откако наиде на жестоки критики и реакции во јавноста, особено на социјалните мрежи.

Сегашната цена од 35 денари останува да важи и по 1-ви јануари, со тоа што ќе има унификација на цените на приградските линии, кои ќе бидат намалени од 40 на 35 денари. Ноќното возење, исто така, останува да чини 40 денари, а ќе има намалување на месечниот билет – од 1.650 денари на 1.400 денари. Годишните билети ќе поевтинат од 16.060 денари  на 15.400 денари. Се воведува и билет за менување автобуси, кој ќе има важност од час и половина, а ќе чини 60 денари. Се воведува и дневен билет  за неограничен број  возења, кој ќе важи од 5 часот изутрина до полноќ, а кој ќе чини 120 односно 150 денари, во зависност дали е во прва или втора зона. Ќе има и тримесечен билет – 4.000 и 4.500 денари, како и шестмесечен билет – од 7.800 и 8.600 денари.

Прочитајте и:  Државен завод за ревизија: ЈСП „Скопје“ не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги за граѓаните

Според Трајановски и Јанушев, ова значи генерално поевтинување на услугите на ЈСП.

- Реклама -