Кожата на рацете има тенденција да стане груба со што се нарушува целовкупниот изглед на рацете.За да останат рацете убави и меки, применувајте го следниот едноставен пилинг два пати седмично.
На раката супете една до две лажици шеќер. а потоа речиси еднаква количина маслиново масло. Состојките истријте ги меѓу дланките (за да се соединат), а потоа со кружни потезе, истријте ги целите раце.
По неколку минути рацете измијте ги со млака вода, исушете ги и нанесете лосион или крема за раце.
Зошто баш оваа состојка? Маслиновото масло на кожата и дава неопходна хидратација, а шеќерот ги отстранува мртвите ќелии на кожата и нечистотијата. Третманот применувајте го два пати седмично или по потреба.