Пилешко со јогурт

Иако можеби звучи како необична комбинација, спојот на пилешкото и јогуртот е вистински празник за стомакот.

Прочитајте како да подготвите вкусно јадење од овие продукти

Состојки:4 парчиња пилешки батак-карабатак, 500мл јогурт, 70г кашкавал, 2 лажици бело вино, 2 лажици соја сос, една лажичка кари, зејтин, сол, бибер

Подготовка: Сипете го јогуртот во поширок сад, додајде ги виното, зачините и соја сосот. Пилешкото посолете го и ставете го во јогуртот, поклопете и оставете да отстои во фрижидер цела ноќ. Месото ставете го во плех за печење, одозгора сипете го преливот од јогурт, прекријте со фолија и печете 60 минути на 180 степени. Потоа тргнете ја фолијата, врз месото изрендајте го кашкавалот, вратете во рерна и печете уште 10 минути.

Сервирајте со печени компири и свеж зеленчук.

Добар апетит!

- Реклама -