Пикот на Ковид-19 земјава ќе го достигне на почетокот на мај, со 1.100 зaбoлени – покажува моделот на научници од МАНУ

Пикот на епидемијата на коронавирус во земјава ќе се случи на почетокот на мај, а бројката на заpaзени ќе достигне 1.100 лица. Ова го покажува проекцијата на научниот тим од Академијата на науките и уметностите (МАНУ) добиена преку користење на епидемиолошки модел предложен и користен и од Кралскиот колеџ во Лондон и универзитетот Оксфорд.

Притоа, моделот ја проектирал речиси истата слика која сега ја имаме како актуелна ситуација во земјава – како во однос на забoлeни, така и во однос на пoчинaти од коронавирусот, објаснува претседателот на МАНУ – проф. д-р Љупчо Коцарев, во разговор со „Факултети.мк“, кој заедно со м-р Петар Јовановски ја направил анализата.

„Сакам да подвлечам дека моделите, иако не се најточни (содржат претпоставки и апроксимации, и градат можни сценарија), сепак се моќна алатка за разбирање на неизвесното и помагаат при донесување правилни одлуки“, посочува претседателот на МАНУ, чија прогноза базирана на моделот е далеку пооптимистична од најавените можни 2.000 зaбoлени на крајот на април од страна на министерот Венко Филипче. Целиот текст прочитајте го на „Факултети“.

 

 

- Реклама -