Жерард Пике официјално го продолжи договорот со ’Каталонците’ до 30. јуни 2019, дефанзивецот е среќен што направил нов исчекор кон пензионирање на Камп Ноу.
Минатата недела Барселона соопшти дека е постигната согласност со Жерард Пике за продолжување на верноста, а играчот вчера ставил потпис на документите во присуство на неговиот агент и претседателот на клубот, Хосеп Мариа Бартомеу.
27 годишниот Шпанец вели дека е среќен што ќе направил нов исчекор кон пензионирање на Камп Ноу, и додава дека ’Каталонците’ ги имаат сите потребни состојки за одново да бидат на врвот.
„Знаејќи дека ќе можам да ја завршам кариерата тука, тоа е голема мотивација за мене” – вели Пике.
„Барселона мора да биде на врвот, да освојува титули и да биде помеѓу елитата во европскиот и светскиот фудбал”.
„Имаме тим и тренер. Ги имаме сите потребни состојки за да се вратиме на местото на кое припаѓаме”.
Запрашан за новиот тренер Луис Енрике, дефанзивецот одговори: „Возбуден сум што ќе можам да соработувам со него. На прес конференцијата покажа дека има јасни идеи”.
„Добро го познава ова место и мислам дека ќе заврши добра работа. Со нетрпение чекам да ја започнам соработката со Луис Енрике”.
За новиот договор на репрезентативецот на ’Црвената Фурија’, првиот човек на Барса, Хосеп Мариа Бартомеу рече: „Важно е што ја продолживме соработката со Жерард Пике”.
„Тој е најдобриот централен дефанзивец во светот. Тој е дел од јадрото на новиот проект на Барселона”.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk