Пијан турист по грешка искачил планина на Алпите

Следен пат кога ќе бидете на одмор, особено ако сте некаде на италијанските Алпи, не претерувајте со пиење. Инаку можно е да завршите како Павел, ама со многу помалку среќа.

Естонскиот турист, според италијанскиот La Stampa, бил на одмор во највисокиот ресорт на италијанските Алпи – Червиниа. Откако прилично се поднапил додека уживал во природата на ресортот, Павел тргнал да се враќа кон хотелот – така мислел. Само што всушност се упатил во спротивна насока, нагоре по планината.

Претпоставувајќи дека е на пат кон хотелот, Павел тргнал по стаза покриена со снег, која го одвела до ски стаза. Некаде меѓу 2 и 3 часот по полноќ, тој успеал да го искачи планинскиот срт, и да стигне до локалниот бар Igloo, кој е лоциран на висина од 2.400 метри надморска височина. Червиниа е на 2050 метри, патем.

Во меѓувреме, локалните и персоналот на ресортот го мислеле за исчезнат, па почнале потрага. Го нашле следното утро како спие во барот.

 

Павел го нема искоментирано инцидентот, но и без тоа сме сигурни дека е пресреќен што налетал на засолниште. Вие можете да ја немате таа среќа, затоа подобро не се пијанчете по планини.

 

- Реклама -