Пијан Дедо Мраз се забил со возилото во куќа во Германија

Пијан возач во костим на Дедо Мраз несреќно го завршил своето возење додека доставувал подароци на Бадник во источногерманската покраина Тирингија. Имено, според полицискиот извештај објавен утринава, 54-годишниот маж излетал со автомобилот од патот и удрил во куќа и друг автомобил во општината Унштрутал, северно од Милхаузен.

Притоа, предниот дел од куќата е значително оштетен, но подароците што мажот ги имал за семејството и пријателите се неоштетени. Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата, со алкотест утврдиле дека мажот е неспособен за возење.
Несовесниот Дедо Мраз е обвинет за загрозување на безбедноста во сообраќајот, но изјавил дека сепак ќе ги достави своите подароци за Божиќ. Сепак, доставата ќе мора да ја изврши без својот автомобил – одземена му е и возачката дозвола.

Извор

- Реклама -