Пијалок кој ги „убива“ непријатните мириси на телото

Храната и пијалоците кои ги внесуваме во организмот значително влијаат на нашето здравје, расположение, но и на телесните мириси како потта, здивот, нозете или пак при уринирањето. Доколку сакате да бидете сигурни дека вашиот организам функционира како што треба, и да се лишите од можните непријатни мириси, пробајте го овој здрав и вкусен пијалок заради кој вашето тело ќе ви биде благодарно.

60842589-napitak-smoothie-povrce-casa-voce

Комбинацијата на овошје и зеленчук помага во борбата против непријатните мириси, па во продолжение ви прикажуваме еден брз и едноставен рецепт кој ќе ви биде од особена помош:

Потребни состојки:

– 2 јаболка
– 4-5 листови од свеж кељ
– 1 свеж магдонос
– 1 исцеден лимон (сок)
– 1 парче ѓумбир

Подготовка:

– Состојките се мијат добро во ладна вода и сите заедно се ставаат блендер

– Ако овошјето и зеленчукот не се не се доволно разладени, во блендерот додадете и неколку коцки мраз

– Се добро измелете, прелијте во чаша и пијте ја течноста наутро на празен стомак или помеѓу оброците.

- Реклама -