Франција 4-5 Југославија (1960)
Ова беше еден од најзабавните натпревари во историјата на европските шампионати.
Турција беше едно од изненадувањата на турнирот и како бура помина низ групната фаза, стигнувајќи до полуфиналето со огромен пресврт против Чешка, од која губеше со 0-2.
Ви текнува кога Англија уствари беа добри?
И Теди Шерингам и Алан Ширер постигнаа по два гола, и тоа три за 11 минути, доволни за да ја растурат Холандија на Вембли.
Холандскиот тим ги имаше Едвин ван дер Сар, Сидорф и Беркапм, ама тие не беа достојни да се справат со избраниците на Тери Венаблс, кои завршија на чело на групата.
И покрај тоа што беа еден од фаворитите пред почетокот на првенството, и се провлекоа преку четврт-финалето против Шпанија на пенали, не можеа истото да го направат и во следната рунда против Германија, кога изиграа 0-0 па изгубија во пенал рулетот.
Данска 2-0 Германија (1992)
Данска не ни требаше да настапува на Европското првенство во 1992, па фактот што беа шампиони, и тоа против Германија во финалето, е уште поневеројатен.
На Данска ѝ беше дозволено да учествува само откако Југославија беше дисквалификувана заради распадот и војните во тоа време, но Јон Јенсен и Ким Вилфорт се погрижија да ја искористат шансата за да го направат најголемото изненадување во историјата на европските првенства, а и најголемиот момент на Данска на светската спортска сцена.