Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува заедничката мешовита комисија за историски прашања во најскоро време да излезе со резултати.
„Колку што сум информиран, напредокот е огромен“, изјави Петков за новинарите за време на посетата на Благоевград, јавува дописникот на МИА од Софија.
„Се радувам дека кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси“, додал Петков.
Според него, има неколку клучни аспекти – кога ќе се отворат архивите и говорот на омразата, што сме направиле како механизам против тоа.
Петков додал и дека е важно што ќе биде ставено во потенцијалната преговарачка рамка, како на пример дали македонскиот Устав ќе ги вклучува правата на Бугарите и дали ЕУ ќе сака да биде гарант за тоа.
Бугарскиот премиер воедно и оценил дека во моментов Западен Балкан има ризик да биде втора точка на конфликтот, поврзана со војната во Украина.
„Најлошо е Западен Балкан повторно да е регион со висок ризик на нестабилност – и од политички и од секаков друг аспект“, рекол Петков.
Извор: МИА