Пет работи кои не треба да ги правите во текот на ретроградниот Меркур

Априлскиот ретрограден Меркур започна на 1 април и ќе трае до 25 април, носејќи ги вообичаените тешкотии.
„Меркур ретрограден“ е една од најпознатите фрази во астрологијата и за неа слушнале дури и оние кои не веруваат во влијанието на планетите врз нашиот секојдневен живот.
Најновиот ретрограден танц на Меркур се одвива од 1 до 25 април и е во знакот на Овен, по што ќе се пресели на полето на Бик. Се очекува најмногу да влијае на пет хороскопски знаци (Овен, Рак, Вага, Девица, Јарец) , но сите знаци на зодијакот треба да внимаваат.
За да се заштитите од ефектите на ретроградниот Меркур, треба да се грижите за следново.
Не водете ги најважните разговори
Проблемите во комуникацијата се главната карактеристика на ретроградниот Меркур, а тие можат да имаат огромно влијание врз вашето секојдневие, кариерата, семејството, љубовните врски… Очекувајте многу разговори „не мислев“ бидејќи ова е време на конфузија, погрешно толкување, недоразбирања и зголемени емоции. Сè што можете – одложете!
Не донесувајте трајни одлуки за привремени ситуации
Кога Меркур е ретрограден, стресот и конфузијата можат да ве поттикнат да донесете прилично избрзани одлуки.
Иако нема ништо лошо во повремената импулсивност, ако верувате во астрологијата, ретроградниот Меркур навистина не е време за тоа!
Се советува да избегнувате секаква обврска од која подоцна не можете лесно да се повлечете, а тоа значи потпишување договор, преселба во друг град, голема финансиска инвестиција, влегување во сериозна врска…
Не осудувајте
Бидејќи Меркур е планетата на логиката, за време на ретроградниот период работите може да ви изгледаат помалку јасни отколку што навистина се. Последица може да биде погрешна проценка на моменталната реалност.
Не се потпирајте премногу на технологијата
Како и сè што е поврзано со комуникацијата, технологијата може да „ика“ за време на ретроградниот Меркур.
Затоа, задолжително запишете ги сите ваши обврски на хартија наместо да се потпирате само на апликациите, зачувајте ги сите телефонски броеви и важни адреси во вашиот календар наместо да сметате на наоѓање на таа една порака кога ви е потребна итн.

Извор