Стотици пријатели на Facebook не значат ништо, според научниците во животот ви се потребни само пет вистински пријатели.
Истражувањето покажува дека минимум пет пријатели и колеги се задолжителни за споделување на проблемите и добивање корисни совети. На врвот на списокот се пријател кој ќе ги ислуша сите ваши проблеми и поплаки и некој кој ќе ви биде емотивна подршка во тешките моменти.
Третото најважно лице кое работи добро со пари и ќе ви помогне со финансиските прашања како мудро трошење и интелигентно штедење. Четвртата позиција ја покрива пријател или член на семејството кој има доста животно знаење и ќе ви помогне со совети за практични прашања.
На петтото место е најважаниот пријател, соработник кој ќе ви помогне со совети на вашето работно место. Според истражувањето спроведено од Nationwide Building Society и покрај тоа што просечниот Facebook корисник има 190 пријатели многумина се чувствуваат како да немаат ниту еден пријател. [Why five friends are all you need in life]