5 причини за да вежбате пилатес

Пилатесот е одличен за се. Освен што го изваја вашето тело до степен на совршенство, најголемата предност на ваквото вежбање е и што може да се вежба буквално секаде и со секого. Не се потребни некакви особени услови и лесно може да се прилагоди на сечии потреби.

1. Го подобрува сексуалниот живот

Пилатесот нуди безброј здравствени погодности, а една од нив е и подобриот сексуален живот. И тоа бидејќи влијае на мускулите во карлицата кои се клучен пат до квалитетниот оргазам.

5876_pilates-shutterstock_11131651_630x0

2. Помага при тврдата столица

Од вежбањето пилатес се регулира варењето на храната. Одредени чекори ја подобруваат циркулацијата на дигестивниот систем и буквално ги раздвижуваат материите низ системот на варење.

Прочитајте и:  Четирите места со најдолговечните луѓе во светот имаат нешто заедничко

3. Спас за срцето

Доколку избегнувате паузи во текот на вежбањето, пулсот ќе ви скокне, а ќе согорите и значаен број на калории.

44755_shutterstock-114188656_630x0

4. Одличен како потпора и за други активности

Пилатесот ја балансира телесната мускулатура и кога одите да трчате, пливате или да се занимавате дополнително со уште некој друг спорт, ги смалува шансите да се повредите. Исто така, доколку редовно одите на пилатес ќе имате одлично држење на телото.

5.Борба со гравитацијата

Се што треба да стои горе, на вашето тело, ќе стои како што треба доколку се одлучите за овој облик на рекреација. Чекорите во пилатесот и пркосат на силата на гравитацијата.

- Реклама -