Летото е прекрасна сезона за мажење. Ако наскоро ви претстои венчавка и планирате да бидете опкужени од своите најблиски пријателки, овој напис е за вас.
Од пред некое време деверушите се незаменлив дел од секоја свадба – тие и помагаат на невестата, а воедно ги украсуваат сите официјални фотографии. Во повеќето случаи се облечени во исти фустани, но денес ќе ви понудиме неколку интересни идеи за нестандардни визии:
1. Игра со должината
Не мора сите фустани да бидат долги, кратки или со средна должина. Некои девојки се горди на своите нозе и сакаат да ги покажуваат, додека други претпочитаат да ги прикријат. Оставете ги самите да ја изберат должината која најмногу им одговара.
2. Еден фустан – различни бои
Изберете модел кој ви се допаѓа, но во различни бои.
3. Фустани како букетот
Некои од деверушите се со еднобојни фустани, додека другите се облечени во цветни.
4. Многу нијанси
Кажете „розово“ и да видиме што ќе се случи.
5. Мешавина
Неколку основни бои, различни материјали, принтови.