Во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19. Во овие бројки не се вклучени материјалите што се обработуваат во „Систина“, бидејќи до моментот на објавување на извештајот од ИЈЗ не биле пристигнати податоците од оваа приватна лабораторија. Доколку пристигнат, ќе бидат објавени во утрешниот извештај. Дистрибуцијата на новозаразени по градови изгледа вака:
– Скопје 57
– Куманово 13
– Дебар 1
– Штип 3
– Тетово 19
– Струга 1
– Велес 1
– Битола 2
– Охрид 1
– Гостивар 1
– Ресен 2
Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пациентка од Скопје на 77 годишна возраст, примена на 2 јуни и пациент од Гостивар на 45 години, хоспитализиран на 14 јуни. Во Општата болница во Струга почина пациент на 80 години, хоспитализиран на 15 јуни, а во Општата болница во Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години која постмортем е потврдена дека била позитивна на 20 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти.
– Скопје 11
– Тетово 10
– Велес 1
Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942.