Додека жените се трудат максимално да се дотераат за да блеснат на првиот состанок, мажите се многу поедноставни суштества. Мажите не ги приметуваат деталите на косата, накитот или модните додатоци, туку во очи им „паѓаат“ други работи. Во анкета спроведена за впечатокот кој го имаат мажите, издвоиле само пет парчиња облека која за нив е неверојатно секси и кои сакаат да ја видат во нив секоја девојка.
Спортски хеланки
Има ли нешто посекси од женско тело во тесни хеланки за вежбање кои ги истакнуваат колковите и задникот? Така гласеа одговорите на бројни мажи од анкетата. Иако ова парче облека за многу жени е сосема неважно, на нив е дефинитивно број еден, кога станува збор за секси облека.
Молив здолниште
Тесната сукња до колена која максимално ја истакнува линијата на телото, е облека која секој маж сака да ја види својата девојка. Иако станува збор за многу едноставно парче облека, тоа може да изгледа елегантно и секси, а при тоа да не открива ни милиметар од кожата.
Мал црн фустан
Малиот црн фустан го обожаваат жените, а се чини и мажите. За нив зборовите „помалку е повеќе“ имаат големо значење. Ова минималистичко парче облека кое зрачи со елеганција и сексапил ја опишува фантазијата во која ја гледаат фаталната убавица на коктел забава со чаша шампањ во нејзините раце и неодолив поглед.
Тесни фармерки
Тесните фармерки кои ги обвиткуваат женските нозе од препоните до луждовите е вистински магнет за мажите. Фармерките сами по себе се многу секси за мажите, а уште кога ќе ги истакнат актрибутите на жените тогаш зборуваме за вистински погодок со кој нема грешка.
Високи потпетици
Најсексапилното парче кое никогаш нема да ја разочара ниту една е секако високата штикла. Чевлите и сандалите на висока потпетица кои го активираат секој мускул од ногата на жената и која ја издолжува фигурата, е најсилното женско оружје и сигурен број еден кога станува збор за заведување и сексапил.