Периодот околу Нова Година речиси секогаш со себе носи многу, многу храна. Токму поради тоа, сега повеќе од кога било може да ви користат неколку едноставни, но сепак инспиративни начини како да се вратите во реалноста и да облечете нешто друго освен пижами.
Затоа, прочитајте ги овие неколку лесни и удобни начини да искомбинирате хеланки во нова форма и секогаш да изгледате одлично.
Во комбинација со фустан
Дури и ако не сте целосно подготвени да се обидете со фустан над панталони, хеланките се совршена скала погоре да изгледате модерно. Комбинирајте контрасти, како на пример фустан во светла боја со неутрални хеланки.
„Несоодветни“ принтови
За неочекувана, но сепак импресивна комбинација со хеланки, искомбинирајте „несоодветни“ принтови. Задржете го горниот и долниот дел од облеката во слични бои, и само додајте неколку минималистички модни додатоци во откачени бои.
Крзно и кожа
Удобната основна комбинација ќе ја направите навистина шик, ако ја носите лажно крзно. Спојте широко палто со кожени хеланки.
Доминантни хеланки
Само затоа што хеланките се удобни, не значи дека треба да се криете зад нив. Заменете ги стандардните еднобојни хеланки со разнобојни, со шарени принтови, фигури и форми. Веднаш ќе додадете привлечност на вашата класична комбинација.
Заборавете на хулахопките
Додека хулахопките и понатаму се незаменлив дел од гардеробата, за студените денови најдобро е да ги прескокнете и да се задржите на хеланки. Одберете модел што најмногу ви одговара, а најдобри се плетените, и задржете ги шорцевите и здолништата и во зимските комбинации. [5 Easy, But Genius, Ways To Wear Leggings]