Пет начини да се избориме со пролетниот замор

На самиот почеток од овој месец, времето се затопли и започнавме да се чувствуваме исцрпени, како и при секоја промена на временските услови и влезот во новата сезона.

Вкупната физичка слабост, во комбинација со намалување на имунитетот води до настинки.

Сето ова се должи главно на хиповитаминоза, промената на климата и создадениот стрес за организмот. За да не дозволиме пролетниот замор да не зафати, само треба да следиме неколку едноставни правила …

1. Хранете се со повеќе зеленчук

1

Главната причина за пролетниот замор е недостатокот на внесување на доволно витамини во зимските месеци. Освежете го вашето мени со свежи салати со марула, цвекло, моркови и спанаќ. Зелениот кромид и лукот ќе и дадат на салатата пријатен мирис и виталност за деновите што следат.

2. Јадењето на мед го засилува имунитетот

2

Медот е богат извор на калиум, магнезиум, натриум и калциум. Дава многу енергија и истовремено е одлична замена за шеќер и чоколадо. Измешајте малку мед со рузмарин како средство за чистење на црниот дроб. Можете да го користите како прелив за салата или да го комбинирате со чаша топол чај.

3. Додадете млеко во менито

3

Јогуртот ќе обезбеди корисни бактерии за стомакот кои влијаат добро на микрофлората. Млечните производи ќе ви обезбедат калциум и корисни минерали и ќе го збогатат менито.

4. Спортувајте

4

Спортот ќе го покрене тонусот на целиот организам и ќе ви даде дополнителна енергија. Изберете нешто да ве тера да се чувствувате подобро и да ви носи задоволство. Така ќе се справите со психичката бариера која ве тера да го одлагате спортот од денес за утре. Фитнес, пливање, танцување, возење или џогирање – варијантите се безбројни.

5. Масажа за мускулите

5

Дали ќе одите кај професионалец или ќе побарате пријател или партнер, факт е дека масажата ќе ви делува добро. Мускулите се опуштаат, со тоа што се снабдуваат со повеќе кислород, тензиите одминуваат и резултатите се одлични. Два пати неделно се доволни да ја увидите разликата. Масирајте ги како телото, така и главата и очите, особено ако работите во канцеларија и пред компјутер.

- Реклама -