Често пати мозокот ги меша здодевноста и жедта со чувството за глад.
Многу пати само јадеме, бидејќи е „време за ручек“ или зашто другите околу нас грицкаат нешто.
Еве 5 лесни начини со кои полесно ќе ја прелажеме гладта.
1. Ако каснете протеини и влакна, ќе ве држат подолго време, бидејќи се мелат побавно од организмот
Лесно можете да се изборите со стрвноста кон некоја раскошна пица, на пример, ако каснете ореви или бадеми.
2 . Прошетајте
Според истражувањето, 15-минутна прошетка ја намалува можноста да згрешите со некоја калорична и штетна храна.
3. Ако ви се пријаде нешто слатко, пијте чај од ѓумбир
Тој ќе ви помогне да се изборите со желбата да консумирате премногу слатки.
4. Пијте вода
Освен со чај, може да го скротите гладот и со вода. Често дури гладта се меша со жед, кога телото е дехидрирано. Испијте чаша вода, за да победите во оваа битка со организмот.
5. Мирисајте јасмин
Мирисот активно го прогонува силниот апетит! Набавете го потребниот сон, чиј што недостаток вообичаено создава чувство на глад и намалете ја отпорноста кон нездрава храна.
СОВЕТ:
Престанете да јадете непотребни работи како чипсови, вафли, колачиња и газирани пијалаци. Целосно докажано е дека колку повеќе ги конзумираме, толку повеќе нашето тело се привикнува на нив и сакаме уште. Лесен начин да се ослободиме од зависноста е ако ги исклучиме целосно од менито за една, две или три недели,
Со што да ги замениме?
Примери:
Чипс – ореви
Чоколадо – црна чоколада со над 80% какао
Бисквити – овесни бисквити со банани
Тестенини за појадок (кроасани, банички и др.) – мусли со млеко, овесни снегулки со јогурт и сезонско овошје + суровини ореви
Газирани пијалоци – Свежо цедени сокови
Пуканки за време на филм – плодови со мали димензии (јагоди, малини или ситно сечкани сезонски плодови), за да го залажеме мозок дека јадеме слична храна
Има уште купишта здравствени варијанти со кои можеме да ја замениме штетната исхрана која ја јадеме по навика. Прашање на време е да се навикнете, но дефинитивно напорот вреди.