Секојдневно слушаме за изуми кои ќе го променат светот и начинот на кој општеството функционира. Но постојат и изуми кои немаат такви мегаломански планови, па и покрај тоа што се брилијантни, најчесто остануваат незабележани. Еве пет одлични изуми за кои најверојатно не сте чуле.
Секојдневно слушаме за изуми кои ќе го променат светот и начинот на кој општеството функционира. Но постојат и изуми кои немаат такви мегаломански планови, па и покрај тоа што се брилијантни, најчесто остануваат незабележани. Еве пет одлични изуми за кои најверојатно не сте чуле.
Клучалка за пијани
Ако некогаш сте се мачеле да ја погодите клучалката со клучот, тогаш овој производ е за вас. Брзо, едноставно и лесно.
Ќебе за заштита од гасови
„Ќебето за подобар брак“ може да биде корисна работа. Ова ќебе ги уништува несаканите мириси и е направено од истиот материјал што војските го користат за заштита од хемиски оружја. НАСА го употребува во скафандерите за филтрирање на воздухот кој го дишат астронаутите. Сега и вие ќе можете да се заштитите од несакани мириси.
Кармин кој покажува кога жените се расположени за секс
Нов кармин кој може да ви каже кога жена е расположена за секс започна да се продава во Британија. Карминот реагира со хемикалии во усните, и кога жената станува возбудена тој ја менува бојата од светло во темно црвена. Секој кармин вреди 12 фунти, и со него добивате и скала на нијанси за да можете да ги протолкувате боите.
Шлем со ретровизор
За разлика од сличните шлемови опремени со камера и мал LCD монитор, кај овој се употребени само огледала и призми. Што значи нема потреба од напон, а и нема што да се расипе.
Леќи полни со масло
Овие очила ќе ви овозможат сами да си го промените диоптерот по потреба. Тоа се постигнува со вбризгување проѕирна течност во леќите. Целта на овие очила е да им се овозможи на корисниците кои живеат во региони каде што нема очни лекари да живеат нормално.