Песочна бура над Феникс (видео)

бураМасивна песочна бура широка 48 километри го прекрила Феникс, давајќи му шанса на еден фотограф да го состави ова видео. Кога Мајк Олбински, кој заработува за живот фотографирајќи свадби, чул дека бурата се приближува тој решил да не се крие. Тој ја зел својата опрема и се упатил во потрага по добра локација за фотографирање.

Единствениот разочарувачки дел од видеото е што истото завршува пред бурата да стигне до камерата, но разбирливо е што Мајк решил да ја заштити неговата опрема. Песочните бури се чести во овој дел од САД, но оваа била особено голема, и песокот носен од ветар со брзина од 112 километри на час предизвикал проблеми за возачите и предизвикал привремено затварање на локалниот аеродром.

Прочитајте и:  Трамп: Ако Техеран ме убие, се надевам дека САД ќе го збришат Иран од лицето на Земјата

{youtube}0is_qfsT4k4{/youtube}

- Реклама -