Пешкирите ви смрдат по перење? Еве што да направите

Мирисот на недосушен пешкир може да биде одвратен. Тој мирис често може да биде предизвикан од мувла од која тешко може да се ослободите. Но, сепак има решение.

Метод со оцет

1. Ставете ги пешкирите во машина за перeње алишта и тоа во вода на најголема. Додајте шолја бел оцет. Не додавајте детергент, омекнувач или било што друго.

coniston-fuchsia-towels-main-zoom

2. Оставете ги пешкирите во машината и исперете ги повторно со сапун за алишта и сода. Да повториме, користете многу топла вода и не користете омекнувач или други производи.

3. Испружете ги на сонце да се сушат или ставете ги во сушална на највисока температура.

Метод со амонијак

1. Ставете ги пешкирите во машина за алишта.

2. Додајте нормална количина на прашок.

3. Користете најтопла можна вода. Не додавајте омекнувач или други производи.

4. По програмата за плакнење додајте шолја амонијак.

5. Оставете ја машината да заврши.

6. Извадете ги веднеш пешкирите и испружете ги на сонце.

Повторете ја постапката ако е потребно

Помирисајте ги пешкирите откако сте завршиле со една од двете методи. Ако не сте се ослободиле од мирисот, закиснете ги во сад со вода. Додајте шолја амонијак. Измешајте и оставете да отстои преку ноќ. Наутро додајте прашок без избелувач и исперете ги пешкирите во машина.

[youtube]http://youtu.be/Tccrj7vDRy0[/youtube]

- Реклама -