Перо Антиќ – првиот Македонец во НБА

Репрезентативецот Перо Антиќ ќе се придружи на екипата на Атланта Хоукс и со тоа ќе стане првиот Македонец што ќе игра во НБА лигата.

Менаџерот на Антиќ, Мишко Ражнатовиќ, на профилот на Твитер објави дека капитенот на кошаркарската македонска репрезентација ќе патува во Атланта на лекарски прегледи.

Антиќ ја започна кариерата во Работнички, по што се пресели во АЕК, па во Црвена звезда, Лукоил, Локомотив Кубан, Спартак Петерсбург, а во последниве две сезони беше дел од Олимпијакос со кој два пати ја освои Евролигата.

- Реклама -