Македонскиот репрезентативец и поранешен кошаркар на црвено-белите покажа колку го сака поранешниот клуб, па направи нова тетоважа посветена на навивачката група „Делије“.
Кошаркарот на Олимпијакос Перо Антиќ е жесток навивач на Црвена ѕвезда, за која играше пред неколку години. За да го докаже тоа, Антиќ го истетотивра грбот на навивачката група „Делије“.
Македонскиот репрезентативец ја објави фотографијата на Твитер со порака „Голем респект за Делије Север“.