По дефиниција, перфекционистите се стремат кон најдоброто, да имаат најдобри оцени, да бидат најдобри на работа, да одгледаат совршени деца. Некој би помислил дека истото може да се каже и за нивното здравје, со оглед на тоа дека во сè сакаат да бидат најдобри. Но едно ново истражување покажа дека ова, така да речеме, пореметување има две лица.
По дефиниција, перфекционистите се стремат кон најдоброто, да имаат најдобри оцени, да бидат најдобри на работа, да одгледаат совршени деца. Некој би помислил дека истото може да се каже и за нивното здравје, со оглед на тоа дека во сè сакаат да бидат најдобри. Но едно ново истражување покажа дека ова, така да речеме, пореметување има две лица.
Да се постигне совршенството е невозможно, но стремежот кон него може да биде поттик за подобрување на здравјето (перфекционистите ќе вежбаат, ќе водат здрав живот, правилно ќе се хранат). Но токму во тоа лежи проблемот. Перфекционистите сè прават толку ревносно што и најмала грешка може да ги скрши, тој ментален притисок дека се мора да биде идеално е исклучително напорен, а одбивањето на туѓата помош или срамот таа да се побара само покажува дека тие се сè само не совршени.
Понатаму, истражувањата покажаа дека перфекционизмот има врска со лошото телесно здравје и зголемениот ризик за прерана смрт. Додека едни се трудат да се усовршат само во некои животни аспекти, вистинските перфекционисти сакаат да бидат најдобри и совршени во сè што работат, објаснува Гордон Флет, професор по психологија на Универзитетот Јорк Во Канада. Тој вели дека е сосем природно да бидеме најдобри во она што ни е битно, како што е работата., но не сакате тој истиот перфекционист тие стандарди да ги применува на членовите на семејството за да може врз основа на нив да ги вреднува истите, бидејќи тоа носи само дополнителен стрес за сите. Перфекционизмот, значи, има позитивна страна (одредување високи стандарди за самите себеси) и негативна страна (сомнеж и грижа околу можните грешки и чувство дека заради другите сте под притисок дека мора да бидете совршени во сè). Врз основа на таа „двојност“ научниците ги поделија луѓето на позитивни и негативни перфекционисти, односно на оние кои од тие особини имаат или немаат корист иако никој не е сосема сигурен дали навистина постојат позитивни перфекционисти со оглед на тоа дека самиот перфекционизам, како што веќе беше спомнато, секогаш има одредена сенка на негативност која константно го следи.
Според зборовите на Патрис Дибартоло, токму во тоа е парадоксот на перфекционизмот – некои луѓе имаат високи стандарди, но во објективна смисла можат да бидат дисфункционални во семејството, во секојдневните работи, во контекст на здравјето итн. Професорката по психологија од Колеџот Смит вели дека перфекционистите, на пример, не ретко го напуштаат факултетот бидејќи толку се опседнати со совршенството што брзо увидуваат дека е невозможно да го спроведат на дело, па се откажуваат.
Во истражувањето кое траеше 6,5 години беа следени 450 луѓе на возраст од 65 години и повеќе. Испитаниците потполниле прашалници за да го проценат сопственото ниво на перфекционизам. Оние со високо ниво имале 51% повеќе шанси да починат пред оние кои пред себе имале помали очекувања.
Истражувачите за да дојдат до тој резултат го изпитувале нивото на стрес и анкзиозноста, неизбежните сопатници на перфекционистите. Но кога погледнале каков учинок има перфекционизмот на личности со хронични болести (логиката налага дека нивната состојба ќе биде уште полоша), истражувачите го откриле токму спротивното. Болните заради перфекционистичките способности имале 26% помали шанси да починат пред време (во текот на 6,5 години биле проучувани 385 луѓе со дијабетес од типот 2), а тоа само покажува дека проблематиката е многу покомплексна отколку што изгледа. Затоа се потребни понатамошни истражувања за врската меѓу перфекционизмот и животниот век да биде појасна, велат истражувачите.
[The Dark Side of Perfectionism Revealed]