Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез вели дека Кристијано Роналдо е најдобар фудбалер во светот па заслужува и да биде најплатен.
На почетокот од сезоната, португалскиот репрезентативец ги шокираше сите со изјавата дека не е среќен на Сантијаго Бернабеу.
Медиумите веднаш започнаа да шпекулираат со иднината на Кристијано Роналдо и го поврзуваа напаѓачот со мега трансфер во ПСЖ.
Сепак, Реал Мадрид не сака да слушне за продажба на својата главна ѕвезда, претседателот Флорентино Перез вели дека тие ќе го градат својот проект околу CR7.
Тој исто така порача дека планира да го направи Роналдо најплатен фудбалер во свеот.
Во емисијата El Larguero на Cadena Ser, Флорентино Перез рече: „Не знам дали добил понуда од ПСЖ”.
„Минатото лето ми соопшти дека е тажен, и јас му реков дека ќе сториме се што можеме за тој да биде среќен”.
„Поминуваше низ лош период, но сето тоа е минато сега. Неговото однесување потоа беше спектакуларно, Кристијано беше пример и немаше проблеми со никого”.
„Тој е најдобар фудбалер во светот, сакаме да ја градиме иднината на Реал околу него”.
„Сакам Роналдо да биде најдобро платен фудбалер во светот”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал