Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез вели дека Кристијано Роналдо сака да стави крај на кариерата на Сантијаго Бернабеу.
Репрезентативецот на Португалија, кој е обврзан кон ’Кралевите’ до 2015, се поврзува со заминување од Мадрид во летниот трансфер период.
Но од таборот на Реал порачаа дека не помислуваат да ја продадат својата најголема ѕвезда и најавија дека ќе сторат се што можат за да го обноват договорот на играчот.
CR7 сеуште ја нема продолжено верноста кон Реал Мадрид, но Флорентино Перез очекува Кристијано Роналдо да стави потпис на нов договор, претседателот на ’Кралевите’ вели дека играчот сака да се пензионира на Сантијаго Бернабеу.
„Роналдо сака да се пензионира во Реал Мадрид, а и Реал Мадрид го посакува истото” – рече Перез за Univision.
„Во моментов нема преговори бидејќи играчот е на одмор”.
„Апсолутно сум сигурен дека Кристијано ќе се пензионира во Мадрид, бидејќи самиот тој го сака тоа”.
„Исто како што се пензионираше и Зидан, како и многу други големи играчи”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал