Перез: Не би го продал Роналдо ниту за 1 милијарда

Флорентино Перез уште еднаш нагласи дека целта на Реал Мадрид е да го задржи својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо на Сантијаго Бернабеу.

Медиумите шпекулираат за иднината на португалскиот репрезентативец, откако во септември минатата година, фудбалерот изјави дека не е среќен во Реал Мадрид.

Пред неколку дена, Флорентино Перез најави дека ќе стори се што може за да го направи среќен Кристијано Роналдо и да го задржи фудбалерот на Сантијаго Бернабеу.

Претседателот на ’Кралевите’ сега одново го потврди ваквиот став, во интервју за радио станицата COPE, Перез рече дека нема да го продаде Роналдо ниту за една милијарда евра.

„Ќе сторам се што е во моја моќ за тој да остане“ – рече Перез. „Роналдо има уште две години од договорот, тој е најдобриот фудбалер во светот и сакаме да биде лидер на нашиот тим”.

„Не би го продал Кристијано ниту за 1 милијарда евра. Не сме клуб што продава”.

„Роналдо е победник, сака да освојува титули, и Реал Мадрид е право место за тоа”.

Перез исто така го потврди интересот на Реал Мадрид за Герет Бејл од Тотенхем и Луис Суарез од Ливерпул.

„Бејл е роден за да игра во Реал, се работи за величенствен фудбалер”.

„Суарез е одличен фудбалер, ми се допаѓа, но сигурен сум дека им се допаѓа и на многу други клубови”.

„Исто така ми се допаѓаат уште неколку играчи, но не можеме да ги ангажираме сите”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -