Перење на мозокот!

Повеќе... Време е да го исполирате вашиот мозок. Што велите за неколку часа судоку? Не? Тогаш палете Нинтендо и напумпајте си ги невроните со игрите за тренинг на мозокот. Или одете на…


brainwash.jpg

Време е да го исполирате вашиот мозок. Што велите за неколку часа судоку? Не? Тогаш палете Нинтендо и напумпајте си ги невроните со игрите за тренинг на мозокот.

Или одете на www.brainmetrix.com  пред да отидете на вистинско перење на www.braingle.com . Избегнете ја излапеноста со тоа што ќе се регистрирате на www.happy-neuron.com , измасирајте си ја сивата материја со тоа што ќе се закачите на www.lumosity.com  (најбрз, најзабавен и најефективен начин за грижа на вашиот мозок), или одете на www.sharpbrains.com  и ќе се здобиете со висококвалитетно упатство како да управувате со вашиот мозок. Или уште подобро, прочитајте некоја добра книга. 

Не постојат емпириски докази дека овие игри навистина резултираат со напредок и усовшување – вели Nancy Andreasen една од светски најискусните невролози и автор на Creative Brain. Toa дека половина час потрошен на судоку и нема да го добиете Алцхајмер, или играњето на овие "мозочни" игри од кои ќе изгубите помалку од сивата материја од некој што не ги игра не може да се каже дeка е точно – никој досега не направил такво истражување. 
Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите
Но, не очајувајте. Психологот Susanne Jaeggi од Универзитетот во Мичиген може да помогне. Таа креирала игра за тренирање на мозокот која всушност функционира. Тоа е необична и комплексна игра која вклучува низа од квадрати кои се појавуваат на екранот и игра која дефинитивно дава можност за решавање на нови проблеми независно од претходното стекнато знаење. Има некои докази дека и игрите на www.mindweavers.com функционираат.
- Реклама -