Пензионер ќе се збогати со античка вазна

вазнаОва е сонот на секој колекционер: Импулсивно да потроши неколку долари, евра, фунти за ситна работа на продажба, а потоа да открие дека купениот предмет вреди повеќе отколку што платил. Многу повеќе.

Токму тој сон му се остварил на 79 годишен Британец кој порано работел во фабриката за чоколадо Кадбери. Тој неодамна влегол во аукциска куќа со пакет во кој носел речиси совршена вазна од Минг Династијата. Сè уште не се знае од кад човекот, кој побарал да остане анонимен, ја купил ретката вазна, но вработените во Дјукс, аукциската куќа од Дорчестер во која тој се упатил, биле збунети и возбудени од „спектакуларното октритие“.

„Првиот пат кога мојот колега ми покажа што има во пакетот не им верував на сопствените очи“ изјавил Гај Швинг од Дјукс. „Вазната е совршено сочувана, и неверојатно е да се помисли дека опстојала неоштетена речиси шест века.“ Според ВВС вазната, која е висока 29,21 сентиметри, е најголемиот досега откриен припадник на ретка група вазни од раниот период на династијата наречени „месечеви шишиња“ кои биле произведени помеѓу 1403 и 1424 година.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Тоа значи дека вазната била произведена за време на владеењето на императорот Јонгл; дел од нејзиниот дизајн, како малите рачки, најверојатно биле направени под влијание на арапски дизајн. Бидејќи вазната потекнува од Кина но содржи елементи од Блискоисточен дизајн, аукционерите очекуваат вазната да привлече понуди од богати колекционери од Кина но и од арапските земји. Аукцијата е закажана за мај, кога се очекува дека вазната ќе се продаде за најмалку милион фунти или околу 1,18 милиони евра. [Ming vase set to make retired factory worker a millionaire]

- Реклама -