Комбинација од стакло, дрво и бело – вака би гласел краткиот опис за овој пентхаус, што се наоѓа на мала улица во центарот на Стокхолм , Шведска.
Живеалиштето, што се протега на 120 квадратни метри, на првиот кат има дневна соба со трпезарија, бања и спална соба, а на второто ниво има уште една спална соба и бања.
Акцентот во типичниот скандинавски ентериер го создава стаклениот под кој не само што дава чувство на пространост , туку и овозможува природна сончева светлина која достигнува и до вториот спрат.