Пендаровски утре напладне ќе му го врачи мандатот на Зоран Заев

Утре (13 август), точно напладне, претседателот Стево Пендаровски ќе му го врачи мандатот за состав на Владата на лидерот на СДСМ – Зоран Заев, информираат од Кабинетот на претседателот.

Заев, додаваат оттаму, во име на коалицијата „Можеме“ која освои најмногу пратенички мандати во Собранието, го информирал Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на Владата.

- Реклама -