Пендаровски: Резултатите се јасни, мојот концепт за мултиетничка Македонија целосно интегрирана во евроатлантските структури, за жал не доби поддршка

Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги образложувам, сакам да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа во следните четири, односно пет години, изјави вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата кој се тркаше за втор мандат, Стево Пендаровски.

-Мојот коцепт за мултиетничка Македонија целосно интегрирана во евро-атлантските структури за жал не доби поддршка и сум длабоко уверен дека само таква Македонија може да биде успешна, рече Пендаровски.

Длабоко сум уверен, продолжи Пендаровски, дека само таква Македонија може да биде успешна, и мојата совест е чиста, но не верувам дека им е чиста на оние кои,  тргнувајќи од тесно партиски и лични интереси, денеска ефективно спречија илјадници граѓани да го земат и второто ливче и да гласаат за преседателските избори, осврнувајќи се на бојкотот на претседателските избори.

Прочитајте и:  Левица ја потсети Сиљановска дека го критикуваше Пендаровски за помилувањето на лидерот на наркокартелот „Барон“ (ВИДЕО)

Пендаровски се заблагодари за сите учесници што овозможија овој изборен ден да се одвива во демократска атмосфера, а за некои нарушувања, истакна тој, оставаме надлежните институции тоа да го решат. 

- Реклама -