Пендаровски: Ги разбирам луѓето, но мора да издржиме уште месец или два, шокантна беше бројката од вчерашниот ден

„Поминуваме низ најсилната фаза на пандемијата досега. Капацитетите на македонското здравство се оптоварени до својот максимум“, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност на тема ковид-пандемијата во земјава.

Тој подвлече дека секогаш 100-процентно Советот ги следел препораките на Комисијата за заразни болести, а притоа  потврди дека во моментов истата не препорачува засилување на рестриктивните мерки, од типот на полициски час, карантин и слично. Како што нагласи претседателот, тоа се наши врвни експерти и препораката е базирана на стручни, а не на чаршиски или политички анализи.

Пендаровски, од друга страна, оцени дека сѐ помалку се почитуваат мерките кои се на сила, особено оние за лична заштита, како носење маска, држење дистанца и негрупирање.

„Сите тие во Комисијата, тоа се врвни наши експерти, препорачуваат да се почитуваат овие лични заштитни мерки, како маски, дистанца, негрупирање во град. Морам да ви кажам дека во тој дел ние сѐ послабо и послабо ја следиме таа дисциплина, тие мерки. И знам зошто е тоа така – над година дена сме практично повеќе или помалку во карантин. Ги разбирам луѓето, меѓутоа мораме да издржиме уште некоја недела, уште некој месец или два, додека не почне и не земе замав таа колективна имунизација. И јас мислам дека ако сме издржале 12 месеци, ќе издржиме и 13 и 14, сепак за здравјето се работи. А знаете, вчерашниот ден беше еден од најтрагичните, тоа беше шокантна бројка од 41 починат наш сограѓанин“, истакна претседателот.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Пендаровски посочи и дека според сите показатели и најави од производителите, масовната вакцинација, со стотици илјади вакцини, ќе започне сега во април. Сепак, иако откри дека властите располагаат со конкретни датуми, тој одби да ги соопшти, затоа што, како што рече, неколкупати досега така „се изгореле“.

- Реклама -