„Ми пречи. Ми пречи како и на, претпоставувам, на сите Македонци и на сите граѓани во земјава. И ден денеска не можам да се навикнам. Можеби со тек на време, ќе биде“, вели претседателот Стево Пендаровски прашан дали му пречи „Северна“ во името на државата, во интервју за „Recite Al Jazeeri“ на „Ал Џезира Балканс“, во кое зборува за разочарувањето од недобивањето датум за почеток на преговорите со Европската унија.
„Едноставно, тоа се компромиси во политиката – жpтвyвате нешто за да добиете нешто многу повредно“, додава Пендаровски прашан како си го оправдува тоа.
Ќе се исплати ли политичката жpтвa? Има ли Северна Македонија алтернатива за членството во Европската унија?, прашува Ал Џезира во интервјуто кое ќе биде објавено во понеделник во 21:30.